facebook pixel

Производи

Производи

Специјално дизајнирани архивски кутии за Архивска или Канцелариска употреба


Ние знаеме дека различни организации имаат различен начин на класификација, сортирање и пакување на нивниот архивски материјал. Некои организации ги средуваат документите на ниво на Папка/фолдер, некои на ниво на регистратор, додека некои едноставно ги чуваат на ниво на предмет – документ.

Ние развивме продукт за секоја од овие потреби. Нашите производи им помагаат на клиентите да си ја средат документацијата, да ја организираат според своите потреби и да ја складираат во соодветна архивска кутија која одговара на тие потреби.

И Инбох STANDARD кутија е универзална класа на архивска кутија која е наменета за организации кои имаат голем обем на архивски материјал кој се чува во организиран архивски простор. Димензиите на кутијата се ставени во пропорција која одговара на големи архивски сталажни системи но истовремено се вклопува и во стандардни канцелариски плакари.

Спецификации

  • - Димензии 40 х 36 х 29 цм
  • - Дизајнирана за СТАНДАРДНИ АРХИВСКИ ОПЕРАЦИИ. Таа е произведена од 5то слоен картон со бела заштитна обвивка.
  • - Издржливост на кутијата по извршен BCT (Box Compression Test) – 2945 N т.е 300kg и ECT(Edge Compression Test) – 7.5KN/m.
  • - Дизајнирана за складирање на 5 стандардни регистратори.
  • - Дизајност овозможува чување на големи архивски предмети со техничка документација или 2 архивски влошки.
  • - Заради нејзината големина, таа не е погодна за честа манипулација и чување на документи организирани на ниво на документ или несредена А4 документација бидејќи е кабаста, тешка за подигање и спуштање (наполнета) и многу потешко се пронаоѓа содржина која е складирана несредена во голема кутија.

И нбох COMPACT кутија – е специјализијално дизајнирана кутија која е наменета за канцелариска употреба и чување во мали архивиски системи за документација што ЧЕСТО СЕ УПОТРЕБУВА. Пропорцијата на кутијата одговара на сите канцелариски плакарски системи, одговара на сите безбедносни сефови и мали архивски сталажни системи.

Спецификации

  • - Димензии 35 x 32 x 29 цм.
  • - Дизајнирана за фреквентна употреба во секојдневни канцеларски операции, таа има СИЛНО ЗАЈАКНАТИ странични рачки и капак кој не се одвојува од кутијата.
  • - Издржливост на кутијата по извршен BCT (Box Compression Test) – 1615 N т.е 164kg и ECT(Edge Compression Test) – 3.75KN/m.
  • - Собира 4 стандардни регистратори.
  • - Исклучителна лесна за манипулација, одговора за чување на средена документација во регистри, како и за чување на папки и предмети кои лесно се организираат во кутијата и многу лесно се пронаоѓа содржината на материјалот.

И нбох EDITION кутија е специјална класа на архивска кутија со најголема издржливост, која е изработена од најцврст картон. Истата е наменета за организации кои имаат голем обем на архивски материјал кој се чува во организиран архивски простор. Димензиите на кутијата се ставени во пропорција која одговара на големи архивски сталажни системи но истовремено се вклопува и во стандардни канцелариски плакари.

Спецификации

  • - Димензии 40 х 36 х 29 цм
  • - Дизајнирана за СТАНДАРДНИ АРХИВСКИ ОПЕРАЦИИ. Таа е произведена од 5то слоен картон со бела заштитна обвивка.
  • - Дизајнирана за складирање на 5 стандардни регистратори.
  • - Дизајнот овозможува чување на големи архивски предмети со техничка документација или 2 архивски влошки.
  • - Заради нејзината големина, таа не е погодна за честа манипулација и чување на документи организирани на ниво на документ или несредена А4 документација бидејки е кабаста, тешка за подигање и спуштање (наполнета) и мнгоу потешко се пронаоѓа содржина која е складирана несредена во голема кутија.

СÈ НА СВОЕ МЕСТО

Деловната документација има своја адреса.

© 2011 - 2018 Inbox - archive and data center. Сите права се задржани.
powered by
www.different.com.mk